5. Издавање на фактура¶
Издавањето на фактура е централната работа во eFakturaWin. Ова поглавје ги опишува сите елементи на „Листата на фактури", формата за внес, ставки на фактурата и начините на печатење и експорт.
5.1. Каде се отвора¶
Од главното мени:
- Фактурирање → Листа на Фактури — за преглед, измена, печатење или бришење на постоечки фактури.
- Фактурирање → Нова Фактура — директно отвора форма за внес без претходно да помине низ листата.
5.2. Прозорец „Листа на Фактури"¶
Прозорецот се отвора во максимизирана големина и покажува сите фактури за активниот издавач.

Поле за пребарување¶
Над листата има поле „Пребарај". Куцајте назив на партнер, конто, датум во формат ГГГГММДД или број на фактура — листата автоматски се филтрира додека пишувате.
Селектор на година¶
Десно од полето „Пребарај" има паѓачка листа „Година:". Листата на фактури е секогаш ограничена на избраната година — стандардно се покажува тековната година. Кога ќе изберете друга година, листата веднаш се освежува.
Паѓачката листа автоматски ги вклучува сите години во кои постојат фактури за активниот издавач, плус тековната година (дури и ако таа сè уште нема ниедна фактура). Кога ќе зачувате фактура во година која досега не била во листата, новата година се додава автоматски.
Колони во листата¶
| # | Колона | Опис |
|---|---|---|
| 1 | (скриен) | Внатрешен ID |
| 2 | Број |
Број на фактурата — цел број, секвенција почнува од 1 за секоја година |
| 3 | Датум |
Датум на издавање |
| 4 | Партнер |
Назив на купувачот |
| 5 | Конто купувач |
Конто во главна книга |
| 6 | Износ |
Вкупна сума (нето + ДДВ) |
| 7 | Вал. |
Валута (стандардно MKD) |
| 8 | Доспеаност |
Датум до кој фактурата треба да биде платена |
| 9 | Статус |
Празно за непратени фактури. „Нова" / „Прифатена" / „Одбиена" — статус од купувачот по испраќањето. „Сторнирана" — кога на оваа фактура е поставено сторно што ја поништува. „СТОРНО" — за самиот сторно запис (со негативни износи). „КО - нацрт" — книжно одобрение (документ тип 110) кое сè уште не е пратено. „КЗ - нацрт" — книжно задолжение (120). „АФ - нацрт" — авансна фактура (130). Видете §5.7, §5.8 и §10.4. |
| 10 | Тип |
Шифра на типот документ: 100 = редовна фактура, 110 = книжно одобрение, 120 = книжно задолжение, 130 = авансна фактура. |
Сортирање
Кликнете на заглавието на било која видлива колона за да сортирате според неа. Повторен клик на истото заглавие ја менува насоката (опаѓачки ↔ растечки). Кликнете на друго заглавие за да префрлите на тоа поле. Стандардно листата е сортирана по Број опаѓачки (најнови прво). Изборот на сортирање се памти низ сесијата — следниот пат кога ќе го отворите прозорецот, листата излегува со истото сортирање.
Копчиња под листата¶
| Копче | Што прави |
|---|---|
| Додај | Создава нова фактура |
| Печати | Ја печати избраната(те) фактура(и) во PDF |
| Измени | Ја отвора избраната фактура за измена (или двоен клик во листата) |
| Избриши | Ги брише избраните фактури |
| Прати во УЈП | Ја испраќа избраната фактура во е-Фактура — JWS-потпишан POST /sales-invoice/send. По успешен одговор се прикажува EUID-от и статусот „Пратена" |
| Сторнирај | Поништува претходно испратена фактура во УЈП (§5.7) |
| Филтер | Отвора напреден филтер по датум/партнер/објект/тип/статус |
| CSV | Експорт на листата во CSV формат |
| Затвори | Го затвора прозорецот |
Десен клик (контекст-мени)¶
Десен клик на еден или повеќе селектирани редови Ви дава кратко мени со:

- Измени
- Печати во PDF
- Прати во УЈП
- Сторнирај
- Издај книжно одобрение — видете §5.8 (работи и со повеќе селектирани фактури од ист купувач)
- Издај книжно задолжение — видете §5.9 (истата логика како КО, но во спротивна насока)
- Преземи УЈП PDF — официјален PDF од УЈП со QR код за верификација
- Освежи статус од УЈП — повлекува нов статус (Прифатена / Одбиена / Сторнирана) преку
/changesза последните 7 дена - Избриши
- Експорт во CSV (само за селектираните)
- Селектирај ги сите
- Поништи селекција
Tip
За повеќе селекција, држете го Ctrl додека кликате на редови, или држете Shift за избор на распон.
5.3. Напреден филтер¶
Притиснете Филтер за да отворите модална форма со:

| Поле | Опис |
|---|---|
Од датум |
Почетен датум на интервалот |
До датум |
Краен датум |
Партнер |
Паѓачка листа со опција „(сите)" |
Објект |
Паѓачка листа со опција „(сите)" |
Тип |
„(сите)" / „Домашни" / „Извозни" — според земјата на партнерот |
Статус |
„(сите)" / „Непратена" / „Нова" / „Прифатена" / „Одбиена" / „Сторнирана" / „СТОРНО" — точно одговара на она што се прикажува во колоната „Статус" во листата |
Точно што значи секој статус
- Непратена — фактурата сè уште не е пратена во УЈП (или нема одговор), не е сторно, и нема друго сторно што ја поништува.
- Нова — пратена е во УЈП, чека прифаќање од купувачот (
buyer_status=01). - Прифатена — купувачот ја прифатил (
buyer_status=03). - Одбиена — купувачот ја одбил (
buyer_status=05). Причината и коментарот се видливи на формата за измена — видете §5.6 → УЈП панел. - Сторнирана — на оваа оригинална фактура е поставено сторно (нова фактура со
is_storno=1и успешен EUID; во базатаbuyer_status=07). - СТОРНО — самиот сторно ред (со негативни износи).
Копчиња: - Потврди — го применува филтерот. - Ресет — ги брише сите критериуми. - Затвори — затвора без промена.
Филтерот „живее" низ целата сесија — ако го затворите и повторно отворите прозорецот, претходните вредности се памтат.
5.4. Создавање на нова фактура¶
Со клик на Додај (или менито Фактурирање → Нова Фактура) се отвора прозорец „Внес" со две секции: заглавје и ставки.
Изгледот на гридот за ставки зависи од тоа дали активниот издавач е ДДВ обврзник:
Издавач со ДДВ — гридот има колони Тип ДДВ и Индикатор ДДВ, а вкупниот износ под гридот ги покажува нето и ДДВ:

Издавач без ДДВ — ДДВ колоните се скриени и пресметката е едноставна (Количина × Цена − Рабат):

Заглавје¶
| Поле | Опис | Задолжително |
|---|---|---|
Број * |
Цел број. Стандардно се предлага следниот слободен број за активниот издавач и година (на пр. ако последна фактура за 2026 е 47, се предлага 48). Можете да го прифатите предлогот, да го промените или да „прескокнете" (на пр. од 5 на 10). Не смее да биде 0 или негативен; не може да се повтори за иста година. Дупликатот се фаќа веднаш — кога ќе го напуштите полето, ако бројот веќе постои за активниот издавач во таа година, пораката „Внесениот број на фактура веќе постои за оваа година…" се појавува веднаш, без да чекате на Сочувај. | ✅ да |
Објект |
Локацијата од која се издава фактурата. Стандардно првиот објект. | ✅ да |
Датум на фактура * |
Стандардно денешен датум. Ако во листата е избрана година различна од тековната (на пр. гледате 2027 а сте во 2026), стандардно се става 1-ви Јануари од таа година. | ✅ да |
Партнер * |
Купувач — изберете од паѓачка листа. Ако партнерот не постои, прво додадете го преку Шифрарници → Партнери. | ✅ да |
Датум на доспеаност |
До кога купувачот треба да плати. Стандардно ист со датумот на фактурата. Не смее да биде пред датумот на фактурата (ист ден е дозволено — за фактури со рок „веднаш"). | не |
Текст/Клаузула |
Изберете клаузула од паѓачка листа (или празна). | не |
Испратница |
Број на испратница (доколку фактурата следи испратница). | не |
Датум на испратница |
Датум на испратницата. | не |
Работен налог |
Број на работен налог (доколку фактурата следи работен налог). | не |
Датум на работен налог |
Датум на работниот налог. | не |
Валута |
Код на валутата (MKD стандардно, EUR, USD итн.). | не |
Тип плаќање |
Тип на плаќање според УЈП шифрарник: P10 готовина, P12 банка, итн. | не |
Тип документ |
„100" за стандардна фактура. | не |
Поврзан док. |
Тип на поврзан документ (NAR — нарачка, FIS — фискална сметка, SYS — поврзана е-фактура итн.). | не |
Број / Датум (на поврзан док.) |
Идентификатори ако сте избрале тип. | не |
Деталите на овие шифрарници (валута, тип плаќање, тип документ, тип на поврзан документ): Прилог А.
Ставки на фактурата¶
Ставките се внесуваат во грид (табела) под заглавјето. Секој ред е една позиција на фактурата.
| Колона | Опис |
|---|---|
Опис |
Опис на стоката или услугата |
ЕдМ |
Единица мерка (на пр. „kom", „kg", „h") |
МК произв. |
Чек-бокс. Кога е чекирано, во е-фактурата оди docItemDomesticProduct = "МP" (МК ознака за домашно производство); во спротивно оди празно. Стандардно чекирано за нови ставки; picker-от од шифрарникот на артикли ја пренесува вредноста од самиот артикал. Отчекирајте за увезена стока во инаку МК-фактура. |
Количина |
Бројна вредност, до 4 децимали |
Цена |
Единечна цена без ДДВ, до 4 децимали |
Рабат % |
Попуст во проценти |
Тип ДДВ |
Шифра од УЈП шифрарник (DDV-A = 18%, DDV-B = 5%, DDV-V = 10%, DDV-G = 0%) |
Индикатор ДДВ |
Шифра од УЈП шифрарник (стандарден ДДВ, ослободен, пренесен итн.) |
Вкупно |
Автоматски пресметана сума Количина × Цена × (1 − Рабат/100) × (1 + ДДВ/100) (само за читање) |
Деталите за Тип ДДВ и Индикатор ДДВ: Прилог А.3 и Прилог А.4.
Додавање и бришење ставки¶
Десно од гридот, една под друга, се наоѓаат четири мали икона-копчиња (одозгора надолу): Додај ставка (зелен плус), Бриши ставки (црвен X), Отвори повеќелиниски уредувач за описот на избраната ставка (молив) и Внеси опис, ЕдМ, цена и ДДВ-кодови од шифрарникот на артикли (лупа — видете го следниот пододдел). Активното дејство го откривате од tooltip-от кога ќе ја задржите глувчето над иконата.
- Кликот на Додај ставка додава нов празен ред на крајот од гридот.
- Кликот на Бриши ставки го брише избраниот ред (или повеќе селектирани со
Ctrl/Shift). Се појавува порака за потврда пред бришењето. - 💡 Долги описи: Гридот го покажува описот во едно поле. За долг повеќелиниски опис, изберете го редот и притиснете на иконата со молив. Се отвора прозорец „Уреди опис на ставка" со текстуално поле во кое можете да внесете слободно повеќе линии.

Внес од шифрарникот на артикли¶
Десно од гридот, под копчето за уредување опис, има копче со лупа 🔍 — „Внеси опис, ЕдМ, цена и ДДВ-кодови од шифрарникот на артикли". Picker-от Ви заштедува време ако често фактурирате исти производи или услуги — добива стандардна цена и ДДВ кодови од шифрарникот на артикли (§4.4).

Постапка:
- Изберете ред во гридот на ставки (или притиснете + за нов).
- Кликнете на 🔍.
- Во прозорецот „Избери артикал" пребарајте по шифра или назив:

- Двоен клик на најденото (или OK) — описот, ЕдМ, цената, типот ДДВ и индикаторот ДДВ се копираат во редот; вкупниот износ се пресметува автоматски.
- Количината и рабатот остануваат непроменети — тоа се per-фактура одлуки, не атрибут на артиклот.
Откако picker-от ќе пополни, сите ќелии остануваат уредливи — можете да ја коригирате цената за оваа конкретна фактура без да влијаете на шифрарникот.
Откачување без чистење
Копчето „Откачи артикал" во picker-от ја прекинува врската помеѓу редот и записот во шифрарникот — но полињата остануваат пополнети. Така можете да го користите артиклот како шаблон и потоа да го измените описот за оваа фактура, без да оставите врска кон оригиналниот запис во шифрарникот.
За не-ДДВ обврзници
Кога активниот издавач не е ДДВ обврзник, picker-от не ги презапишува колоните Тип ДДВ и Индикатор ДДВ — тие остануваат на 0% (DDV-G). Така фактурата секогаш излегува без ДДВ, без оглед на тоа какви стандардни ДДВ кодови имате запишано во артиклот.
Шифрата на избраниот артикл се чува невидливо на редот и оди во базата (stavkfu.artikal_code), за подоцна да можете да правите извештаи „продажба по артикл" преку CSV извозот.
Калкулација на вкупно¶
- Колоната „Вкупно" во гридот се ажурира автоматски кога ќе промените количина, цена, рабат или тип на ДДВ.
- На дното на прозорецот, под гридот, се покажува „Вкупно: …" — збир на сите редови.
Зачувување¶
Притиснете Сочувај. Системот проверува:
- ✅ Бројот на фактурата е позитивен цел број (> 0).
- ✅ Бројот не е веќе зафатен од друга фактура за истиот издавач во истата година.
- ✅ Датумот на фактура е внесен.
- ✅ Доспеаноста не е пред датумот на фактурата.
- ✅ Партнерот е избран.
- ✅ Постои барем една ставка.
Ако нешто недостасува, се појавува порака „Внесете…!", „Изберете партнер!", „Внесениот број на фактура веќе постои за оваа година…" или „Доспеаноста не смее да биде пред датумот на фактурата" — и курсорот скокнува на соодветното поле.
При успешно зачувување се појавува „Фактурата е успешно зачувана!" и прозорецот се затвора. Листата се ажурира.
Безбедност на трансакцијата
Ако нешто тргне наопаку при запис во базата (на пр. дискот е полн), сите промени се поништуваат автоматски (rollback). Стариот ред на фактурата останува непроменет; не остануваат „половични" фактури.
УЈП панел (под Сочувај)¶
Под копчето „Сочувај" има секција со полиња што се само за читање:
| Поле | Опис |
|---|---|
EUID |
Уникатен идентификатор на фактурата во УЈП |
Статус УЈП |
HTTP статус на одговор |
Порака УЈП |
Текст на одговорот |
Време УЈП |
ISO временски печат |
QR линк |
URL за QR код за проверка на фактурата |
Време на праќање |
Локално време на испраќање |
Последна грешка |
Последен неуспех (ако има) |
Причина за одбивање |
Кога купувачот ја одбил фактурата — комбиниран приказ O-3 — Погрешни податоци за купувач (код + текст како што ги враќа УЈП). Празно за фактури што не се одбиени. |
Коментар |
Слободниот текст што купувачот евентуално го напишал заедно со одбивањето. Празно за фактури што не се одбиени или ако купувачот не внел коментар. |
Овие полиња се пополнуваат автоматски кога ќе го кликнете Прати во УЈП (за EUID/Статус/Порака/QR/време) или кога ќе ги освежите статусите од УЈП преку десен клик → Освежи статус од УЈП или Сервис → Статус на пратени (за Причина за одбивање / Коментар). Деталите за самата интеграција, освежувањето и кодовите за одбивање: поглавје 10 — Интеграција со УЈП.

5.5. Печатење во PDF¶
Изберете една или повеќе фактури во листата и притиснете Печати (или десен клик → „Печати во PDF").
eFakturaWin генерира PDF за секоја избрана фактура во истата папка како апликацијата, со име:
Faktura_<број>.pdf— за домашни фактури (партнер во МК)Invoice_Export_<број>.pdf— за извозни фактури (партнер надвор од МК), со англиски етикети и IBAN/SWIFT наместо жиро-сметка
PDF-от се отвора автоматски во стандардниот прелистувач за PDF на Windows.
Детали за PDF: поглавје 7 — Печатење PDF.
5.6. Експорт во CSV¶
И CSV копчето под листата и опцијата Десен клик → Експорт во CSV работат идентично — ги извезуваат само избраните редови, во редоследот во кој се прикажуваат во моменталното сортирање. Ако сакате да извезете повеќе фактури во една операција, прво селектирајте ги со Ctrl+клик или Shift+клик (или Селектирај ги сите од контекст-менито).
Излезниот формат на CSV:
За излезни фактури износот оди во колоната Долгува (купувачот должи), а колоната Побарува е 0. За влезни фактури распоредот е обратен (износот во Побарува, 0 во Долгува); видете поглавје 9 — Влезни фактури.
Детали: поглавје 8 — Експорт во CSV.
5.7. Сторнирање на испратена фактура¶
Кога фактурата е веќе испратена во УЈП (има EUID и QR линк) и треба да се поништи — на пр. погрешен купувач, погрешна стапка, дупликат — се користи сторно. Сторното е посебна фактура со негативни износи што УЈП ја прифаќа и автоматски ја означува оригиналната како сторнирана.
Кога да се направи сторно¶
| Ситуација | Што да се направи |
|---|---|
| Фактурата е испратена, но има грешка | Сторнирај ја и издади нова |
| Фактурата НЕ е испратена (нема EUID) | Едноставно ја измени или избриши преку Измени / Избриши — не треба сторно |
| Фактурата е веќе сторнирана | Не може повторно да се сторнира; ако е потребно, издадете нова |
Како се прави сторно¶
- Во „Листа на Фактури" селектирајте ја фактурата за сторнирање.
- Кликнете „Сторнирај" на лентата (или десен клик → „Сторнирај").
- Се појавува порака за потврда: „Дали сте сигурни дека сакате да ја сторнирате оваа фактура?" — кликнете „Да".
- Се отвора прозорец „Сторнирање на излезна фактура" со EUID-от на оригиналот во насловот:

| Поле | Опис |
|---|---|
Причина за сторнирање * |
Паѓачка листа со предефинирани шифри од УЈП (cb_void_reason): S-1 Погрешен купувач, S-2 Поништување на договор, S-3 Стоката е вратена во целост, S-4 Двојно фактурирање на ист промет, S-5 Друго |
Коментар |
Слободен текст (опционално). Препорачано за S-5 (Друго). |
- Кликнете „Потврди". Апликацијата:
- Создава нова фактура со следен слободен број (BR_FAK + 1), исти ставки, и внатрешна референца кон оригиналот.
- Веднаш ја испраќа во УЈП.
- Во случај на успех се појавува порака: „Фактурата е успешно сторнирана во УЈП." со новиот EUID.
Како се препознава сторно во листата¶
Колоната „Статус" автоматски ги обележува сторно записите:
| Статус | Значење |
|---|---|
| (празно) | Редовна фактура |
| Сторнирана | Оригинал што е поништен од некој сторно запис |
| СТОРНО | Сторно записот — има негативни износи (-100,00 МКД и сл.) и EUID добиен по сторно операцијата |
И оригиналот и сторно записот остануваат во листата — историјата не се брише, само се обележува.
Валидации¶
Апликацијата ги одбива неважечките сторно обиди со јасна порака:
| Обид | Порака |
|---|---|
| Сторнирање на фактура која сè уште не е пратена во УЈП | „За сторно е потребна успешно пратена фактура (со EUID)." |
| Сторнирање на фактура која веќе има пратено сторно | „Оваа фактура е веќе сторнирана. Не може да се сторнира двапати." |
| Обид за сторнирање на самиот сторно запис | „Не може да се сторнира сторно фактура." |
Сторното е финално
Еднаш испратеното сторно не може да се поништи. УЈП ги третира сторно записите како финални. Ако сакате да ја вратите фактурата откако сте ја сторнирале, мора да издадете нова со нови ставки и нов број.
Не менувајте го профилот на издавачот меѓу праќање и сторно
УЈП ја кеширал оригиналната фактура бајт-за-бајт во моментот на праќање и при сторно валидира дека секое поле во сторно документот се совпаѓа со кешираното. Ако ги измените податоците за издавачот (име, адреса, жиро-сметка, IBAN, SWIFT, потписник, ДДВ статус) во Шифрарници → Профил на Моја Фирма по праќање на фактурата, сторното на таа фактура ќе биде одбиено со грешка од типот:
„docPayment don't match: DocPaymentNote are different original=… send=…" (или сличен мисматч за друго поле).
Истото важи и за податоците за партнерот (купувачот) во Шифрарници → Партнери — ако ги измените по праќањето, сторното ќе биде одбиено.
Како да го избегнете тоа:
- Не менувајте го профилот на издавачот ниту податоците за партнерите по праќање во УЈП. Сите банкарски податоци (жиро-сметка, IBAN, SWIFT) внесете ги еднаш, на почеток.
- Ако мора да направите измена, прво сторнирајте ги сите засегнати испратени фактури каде издавачот/партнерот учествуваат, и дури потоа изменете го профилот.
- Ако веќе сте направиле измена и сторното не поминува: вратете го изменетото поле на старата вредност, направете го сторното, и потоа повторно изменете го профилот.
Ако УЈП ја одбие сторно операцијата, локалниот сторно ред автоматски се отстранува — нема да остане без-EUID запис во листата, и можете повторно да пробате откако ќе го поправите изворот на проблемот.
5.8. Издавање на книжно одобрение¶
Кога фактурата е веќе испратена во УЈП и треба парцијално да се намали побарувањето кон купувачот — попуст доделен по фактурирање, делумно враќање на стока, годишен рабат — се издава книжно одобрение (документ тип 110). За разлика од сторното, кое ја поништува целата фактура, книжното одобрение ја намалува само за одреден износ и може да се издаде повеќе пати врз иста оригинална фактура.
Кога кое се користи¶
| Ситуација | Документ |
|---|---|
| Целата фактура треба да се поништи (погрешен купувач, дупликат, откажан договор) | Сторно (§5.7) |
| Купувачот вратил дел од стоката | Книжно одобрение (§5.8) |
| Дополнителен попуст доделен по издавање на фактурата | Книжно одобрение (§5.8) |
| Годишен/периодичен рабат врз повеќе фактури од ист купувач | Книжно одобрение со повеќе родители (§5.8) |
| Купувачот треба да плати повеќе отколку што е фактурирано (доплата, дополнителни трошоци транспорт, задоцнета услуга) | Книжно задолжение (§5.9) |
| Аванс — фактурирате пред испорака на стока или услуга | Авансна фактура (§5.10 — стандардна нова фактура со Тип документ = 130 во заглавјето) |
Единечен родител — парцијален попуст или враќање¶
- Во „Листа на Фактури" селектирајте ја една родителска фактура. Мора да има EUID (значи е успешно пратена и нема статус „СТОРНО" или „КО - нацрт").
- Десен клик → „Издај книжно одобрение".
- Потврдете го дијалогот: „Ќе се креира нацрт на книжно одобрение со ставките од оригиналот. Пред пратење во УЈП уредете ги износите (најчесто ги намалувате). Продолжете?"
- Во листата се појавува нов ред со:
- Тип на документ: 110 (Книжно одобрение)
- Статус: „КО - нацрт" (се менува откако ќе се прати во УЈП)
- Износ: негативен, пресликан од оригиналот
- Ставки: клонирани од родителската фактура (со позитивни количини — знакот се менува автоматски во моментот на праќање во УЈП)
- Референца: SYS + EUID + датум на родителот (автоматски пополнето)
- Двоен клик врз нацртот за уредување:
- Намалете ги количините на ставките што се кредитираат.
- Избришете ги ставките што не се кредитираат (со десен клик на редот во ставките → Избриши ред).
- По потреба променете ги описите („2 бр. Х вратени од 5") или цените.
- Зачувајте.
- Со новиот нацрт селектиран, кликнете „Прати во УЈП" (или десен клик → истата опција).
По успешно праќање, апликацијата покажува: „Книжното одобрение е успешно испратено во УЈП." со EUID.
Повеќе родители — годишен рабат или batch попуст¶
Кога еден рабат треба да покрие повеќе фактури од истиот купувач — типично годишен волуменски рабат — може да се издаде едно КО што референцира сите засегнати фактури.
- Во „Листа на Фактури" селектирајте повеќе фактури со Ctrl+клик:
- Сите мора да бидат од ист купувач (проверката е автоматска).
- Сите мора да имаат EUID.
- Ниту една не смее да биде сторно, друго КО, или книжно задолжение.
- Десен клик → „Издај книжно одобрение".
- Потврдете го дијалогот со множинска варијанта: „Ќе се креира нацрт на книжно одобрение со референци кон сите избрани фактури, но без клонирани ставки. Кредит-линиите ги пишувате рачно (пр. 'Годишен рабат 5%'). Продолжете?"
- Новиот ред во листата е со празни ставки — сите избрани фактури се запишани како посебни родителски референци во заднина.
- Двоен клик за уредување и рачно внесете ги кредит-линиите:
- Опис како „Годишен рабат 5% за фактури 1001-1010"
- Количина 1, цена = вкупен износ на рабатот, стапка на ДДВ како во оригиналите
- Зачувајте → Прати во УЈП.
Валидации¶
Апликацијата ги одбива неважечките обиди:
| Обид | Порака |
|---|---|
| КО за фактура без EUID | „За книжно одобрение е потребна успешно пратена фактура (со EUID)." |
| КО врз сторно, друго КО или книжно задолжение | „Книжно одобрение може да се издаде само врз редовна фактура (100)." |
| Множинска селекција со фактури од различни купувачи | „Едно книжно одобрение не може да покрие фактури од различни купувачи." |
Повеќе КО за иста фактура е дозволено
За разлика од сторното (само еднаш по фактура), може да издадете повеќе книжни одобренија врз иста родителска фактура — на пример постепени попусти низ време, или неколку парцијални враќања.
Не менувајте го профилот на издавачот меѓу праќање и КО
Истото правило важи како за сторно (види §5.7): УЈП валидира дека сите полиња од референцираните фактури се совпаѓаат со кешираните оригинали. Ако сте промениле банкарски податоци, адреса, ДДВ статус или нешто друго во Шифрарници → Профил на Моја Фирма по праќањето, КО-то може да биде одбиено. Планирајте ги измените внимателно.
5.9. Издавање на книжно задолжение¶
Кога фактурата е веќе испратена во УЈП и треба дополнително да го зголеми побарувањето кон купувачот — доцна фактурирана услуга, дополнителни транспортни трошоци, задоцнета доплата, царина што не била вклучена во оригиналната фактура — се издава книжно задолжение (документ тип 120). Со истата логика како книжното одобрение, но во спротивна насока: наместо да намалува, зголемува.
Постапката е огледало на КО (§5.8): истиот десен-клик тек, истите правила за родителска фактура, истите валидации. Разликата е во насоката на промената и во менито.
- Селектирајте една или повеќе родителски фактури — сите со EUID, сите со тип 100, сите од ист купувач (за множинска селекција).
- Десен клик → „Издај книжно задолжение".
- Потврдете го дијалогот: „Ќе се креира нацрт на книжно задолжение со ставките од оригиналот. Пред пратење во УЈП уредете ги износите (најчесто додавате дополнителен трошок). Продолжете?" (или множинската варијанта).
- Нацртот се појавува во листата со:
- Тип на документ: 120
- Статус: „КЗ - нацрт"
- Износ: позитивен (за разлика од КО кое е негативно)
- Ставки: клонирани од родителот (или празни за множинска селекција)
- Референца: SYS + EUID + датум на родителот
- Двоен клик за уредување — типично избришете ги клонираните ставки и запишете дебит-линии што ја опишуваат доплатата (на пр. „Дополнителни транспортни трошоци — 500 МКД").
- Зачувајте → Прати во УЈП.
По успешно праќање: „Книжното задолжение е успешно испратено во УЈП."
УЈП не прифаќа PRENESEN индикатор во книжно задолжение
Ако родителската фактура е издадена со пренесена даночна обврска (индикатор DDV-11-A, DDV-11-V или DDV-11-B — член 32-а од ЗДДВ, каде купувачот сам го пресметува ДДВ-то), клонираната ставка ќе го носи истиот индикатор. УЈП го одбива тоа со E1009 „Tax indicator not valid for docType: 120".
Решение: пред испраќање, отворете го нацртот и во колоната Индикатор ДДВ за таа ставка сменете од DDV-11-A во соодветниот стандарден индикатор (DDV-A за 18%, DDV-V за 10%, DDV-B за 5%). Тоа значи дека Вие го наплатувате ДДВ-то за дополнителниот трошок, а не купувачот — што вообичаено е точното однесување за КЗ.
Не прегазуваме автоматски бидејќи промената на индикаторот ги менува ДДВ-семантиките (5000 без ДДВ vs 5900 со ДДВ) — тоа е сметководствена одлука.
Валидациите се идентични со КО (§5.8):
| Обид | Порака |
|---|---|
| КЗ за фактура без EUID | „За книжно задолжение е потребна успешно пратена фактура (со EUID)." |
| КЗ врз сторно, КО или друго КЗ | „Книжно задолжение може да се издаде само врз редовна фактура (100)." |
| Множинска селекција со фактури од различни купувачи | „Едно книжно задолжение не може да покрие фактури од различни купувачи." |
5.10. Издавање на авансна фактура¶
Авансна фактура (документ тип 130) е самостоен документ што се издава кога наплаќате за стока или услуга пред нејзината испорака — типично при аванс, депозит или капара. За разлика од КО/КЗ, не се врзува за родителска фактура (reference_mandatory=0 во УЈП шифрарникот), туку се внесува како обична нова фактура со изменет тип на документ.
Затоа за 130 нема одделно мени во контекст-менито. Постапката:
- Фактурирање → Нова Фактура (или копчето Додај во листата).
- Во заглавјето, во паѓачката „Тип документ:" изберете
130 - Авансна фактура. - Внесете ги ставките како за редовна фактура — опис на авансот, износ, ДДВ шифри.
- Зачувајте. Во листата се појавува со статус „АФ - нацрт" и тип 130.
- „Прати во УЈП" ја испраќа документот.
По успешно праќање: „Авансната фактура е успешно испратена во УЈП."
Кога стигне вистинската фактура
Кога испораката ќе се случи и ќе издадете редовна фактура за пресметан промет, обично во неа треба да ја одземете авансната сума (со напомена „минус аванс по фактура бр. NNN"). Тоа е сметководствена практика — УЈП не го автоматизира одземањето. Формулирајте ги ставките така што нето износот кон купувачот да излезе точен.
5.11. Измена на фактура¶
Двоен клик на ред во листата, или Измени копче / десен клик → Измени. Се отвора истата форма како за нова фактура, но пополнета.
Зачувувањето е идентично — старите ставки се бришат и се запишуваат повторно со новите вредности. EUID и УЈП полињата остануваат непроменети.
Предупредување
Ако веќе сте ја испратиле фактурата во УЈП и потоа ја менувате — измената останува локално и не се рефлектира во УЈП. За исправка на испратени фактури во УЈП мора да испратите „сторно" документ.
5.12. Бришење на фактура¶
Изберете еден или повеќе редови и притиснете Избриши. Се појавува потврдна порака „Дали сте сигурни дека сакате да ги бришете сите селектирани редови?".
При потврда, фактурата и сите нејзини ставки се бришат во една трансакција. Ако нешто не успее, ништо не се менува (rollback).
Бришењето е дефинитивно
Нема корпа за отпадоци. Ако сте избришале фактура по грешка, единствено решение е резервна копија на eFakturaWin.db од период пред бришењето.
5.13. Совети и стандардна работна постапка¶
- 💡 Нумерирање: бројот на фактурата е цел број, со посебна секвенција за секоја календарска година. Апликацијата автоматски го предлага следниот слободен број (
MAX + 1), но можете да го промените или да „прескокнете" (на пр. од 5 на 10) — сè додека бројот е позитивен и единствен за таа година. На 1 Јануари секоја година нумерацијата природно започнува од 1. - 💡 Партнер пред фактура: ако е нов партнер, прво додадете го во Шифрарници → Партнери. Не можете да внесете партнер во самата форма за фактура.
- 💡 Двоен преглед: пред финално зачувување, проверете ги ставките — особено количини и цени, бидејќи ДДВ автоматски се пресметува врз нивна основа.
- ⚠️ Не менувајте фактури по испраќање во УЈП (кога функцијата ќе биде активна). Грешките се исправаат со издавање на нов сторно документ.
- ⚠️ Не менувајте профил на издавач ниту партнери по испраќање. УЈП валидира секое поле во сторно документот според кеширан оригинал; секаква измена на банкарски/адресни податоци по првото праќање ќе го блокира сторното на тие фактури. Видете §5.7.
- 💡 Резервни копии — препорачуваме копија на
eFakturaWin.dbсекоја вечер или по внес на >5 нови фактури.
← Назад на содржината | Претходно: Клаузули ← | Следно: Профактури →